Денеска е Преподобен Јован Колов

Покрај преподобна Матрона и свештеномаченик Онисифор, Црквата денес го слави и Јован Колов.

Тој е еден од најголемите египетски подвижници од првите векови. За него е доволно да се каже следново. Јован Колов отишол во пустината кај некој тивејски старец и останал кај него.

Се вчитува...

Старецот го насадил својот сув стап и му рекол: Полевај го секој ден со една кофа вода, дури не даде плод. А водата била толку далеку, што Јован тргнувал одвечер, а се враќал наутро. После три години, стапот оживеал и дал плод.

Старецот го набрал плодот, го однел в црква, и им рекол на браќата: Земете, јадете од плодот на послушноста.