Теодор беше роден и порасна како незнабожец. Но, како момче дојде до познание на вистината и откако слушна за свети Пахомиј, тајно од своите родители, отиде во неговиот манастир.
Свети Пахомиј го прими и наскоро многу го засака заради неговата необична ревност и послушност. По смртта на свети Пахомиј Теодор стана игумен на сите манастири што овој ги основа (свети Пахомиј се слави претходниот ден).
Се вчитува...
Доживеа длабока старост и во мир се упокои во 368 година.
