По род Акила бил Евреин. Во првиот век живеел во Рим заедно со жена си Прискила. Во времето на цезарот Клаудиј, како и сите останати Евреи, биле принудени да го напуштат градот, па се населуваат во Коринт.
Таму ќе се сретнат со апостолот Павле. Поверувале во проповедта за Христа и станале блиски соработници на апостолот Павле. Тој неколку пати ги спомнува во своите посланија. Подоцна се враќаат во Рим, па заминуваат за Ефес…
Се вчитува...
Според преданието Акила, како еден од 70-те апостоли, го проповедал христијанството во многу краишта, а земниот живот го завршил маченички, убиен од незнабошците.
