Свети Фотиј живеел во деветтиот век. Се родил во Цариград, во аристократско семејство, и стекнал одлично образование. Бил еден од најучените луѓе на тогашна Византија.
Предавал во познатата Магнаурска школа, каде се учел и словенскиот просветител свети Кирил. Во 858 година бил посветен за цариградски патријарх. Посебно се прославил со неговата борба против искривувањето на верата од страна на римската црква.
Се вчитува...
Преподобен Вукол е првиот епископ на град Смирна. За епископ бил поставен од свети апостол Јован Богослов.
