Свети Полиевкт се прослави за време на гонењето на римскиот император Валеријан (253 – 260).
Тој беше римски војник, незнабожец, но имаше големо пријателство со еден друг војник христијанин Неарх.
Се вчитува...
Големата љубов што ја чувствуваше кон Неарх му го отвори умот и срцето за самата Љубов, т. е. за христијанскиот Бог.
Како христијанин, свети Полиевкт беше погубен во градот Мелитина на реката Еуфрат, а по него беше погубен и Неарх.
Моштите на свети Полиевкт се наоѓаа во Мелитина се до 15-от век.
