Македонија

ДЕНЕСКА Е СВ. МАЧЕНИЦИ АДРИЈАН И НАТАЛИЈА: Маж и жена од благороден и богат род, тој незнабожец, а таа потајна христијанка

ДЕНЕСКА Е СВ. МАЧЕНИЦИ АДРИЈАН И НАТАЛИЈА: Маж и жена од благороден и богат род, тој незнабожец, а таа потајна христијанка

Денеска е 26 август (по стар стил) и се слават Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија. Именден слават Адријан, Наталија…

Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото.

Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се фаќаат и да се подложуваат на маки. Во близина на градот, во една пештера, беа собрани дваесет и тројца христијани. Некој ги поткажа кај власта и беа луто камшикувани со воловски жили и биени со стапови, па потоа ги фрлија во затвор.

По ова ги изведоа од затворот и ги одведоа кај преторот заради попис на имињата. Адријан ги гледаше овие луѓе, измачени и трпеливи, мирни и кротки, па ги заколна да му кажат што очекуваат од својот Бог за толкуте претрпени маки. Тие му говореа за блаженството на праведните во Царството Божјо.

Кога го слушна тоа и повторно се загледа во нив, Адријан одеднаш се сврте кон писарот и му рече: „Запиши го и моето име со светите, и јас сум христијанин.“ Писарот, кога слушна, го праша: „Да не полуде?“ Одговорот на Адријан беше: „Не полудев, туку се вразумив.“

Откако слушна за ова Наталија многу се израдува и кога Адријан со другите седеше окован во затворот, таа дојде и им служеше на сите; а кога мажот ѝ го биеја и го измачуваа со разни маки, таа го храбреше да истрае докрај.

После долги маки во затворот, царот нареди таму да се однесе наковална за да им ги толчат со чекан рацете и нозете. Ова беше извршено, и така Адријан и останатите дваесет и тројца мажи издивнаа во претешки маки.

Нивните мошти Наталија ги пренесе во Цариград, каде што ги погреба чесно. По неколку дена и се јави свети Адријан, сиот во светлост и надземна убавина и ја повика да појде кај Господа. Света Наталија мирно му го предаде на Бога својот дух.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни