Денеска е Св.свештеномаченик Корнилиј (Претпразненство на Крстовден)

Тој беше Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Беше прв од незнабожците кои и пристапија на Божјата црква. Откако се крсти Корнилиј остави се и тргна по апостолот Петар.

Овој апостол подоцна го постави за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј.

Се вчитува...

Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив и мирно се претстави кај Господ во својата чесна старост. Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен.

Но, светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да се подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј.