Живот

Денеска е Св. великомаченица Ефимија

Света Ефимија се слави во месец февруари, а на денешен ден црквата се сеќава на нејзината помош на отците од Четвртиот вселенски собор од 451 година, кој се одржа во градот Халкидон.

Имено, кога разумните уверувања не успеаа да ги разуверат еретиците монофизити, беше договорено да се запишат двете исповедања православното и монофизитското и да се стават во ковчегот со моштите на света Ефимија.

До ковчегот беше поставена царска стража, за да се оневозможи секоја измама.

После три дена поминати во пост и молитва, отците го отворија ковчегот и го најдоа православното исповедање во раката на света Ефимија, а монофизитското под нејзините нозе.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни