Денеска ги празнуваме Светите маченички Доротеја, Христина, Калиста и маченикот Теофил

Доротеја беше угледна и прекрасна девица од Кесарија Кападокиска. Управникот на областа Саприкија им ја даде Доротеја на двете незнабожечки сестри Христина и Калиста за да ја одвратат од Христа.

Но, се случи обратно – Доротеја успеа да ги обрати обете сестри во верата Христова. Налутен, Саприкиј нареди и ги врзаа овие две сестри со плеќите една за друга, па ги фрлија во каца со смола и ги запалија.

Тогаш ја осудија на смрт и Доротеја. Таа радосно ја ислуша пресудата и возвикна: „Ти благодарам, душељубче Христе, што ме повикуваш во Твојот Рај и ме воведуваш во пресветите дворци Твои!“

Некој присутен големец Теофил ѝ се насмеја на Доротеја за овие зборови и ѝ довикна: „Чуј, невесто Христова, испрати ми јаболки и цвеќе од шипинките од Рајот на твојот женик!“ „Навистина ќе ти испратам!“, му одговори маченичката.

Кога Доротеја беше на губилиштето одеднаш се појави едно прекрасно момче со три чудесни јаболка и три црвени цвета од шипинки, а беше зима. Тоа беше ангел Господов.

Доротеја му рече на ангелот да му ги однесе на Теофил и да му рече: „Еве ти што бараше!“

Кога Теофил ја прими пораката и го виде дарот, сиот го обзеде страв. И сè се преврте во него, па тој, закоравен незнабожец, стана христијанин.

Беше и мачен и убиен за Христа, а отиде со душата во Рајот на Господа Исус набрзо после светата Доротеја.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното