Од АМСМ соопштуваат дека поради изведување на градежни работи, денеска и утре во одредени времиња, ќе биде во прекин сообраќајот од Скопје кон Косово, поточно кон граничниот премин „Хани Елези“ – Качаник.
„Денес (07.12.2018) во времето од 09:00 – 12:00ч. и од 14:00 – 17:00ч. и на 08.12.2018г. во времето од 07:00 – 17:00ч. на маг.пат Скопје – Приштина, поточно од косовскиот граничен премин „Хани-Елези“- Качаник, сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, за влез и излез од Косово, поради изведување на градежни работи. Сообраќајот во тој период ќе се пренасочува“, се вели во соопштението на АМСМ.
