Денеска нови рочишта за предметите „Таргет-Тврдина“ и „Тендери“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство.

Обвинети во предметот „Таргет -Тврдина“ се екс началникот на Петтата управа во МВР Горај Грујевски, вработениот во УБК Никола Бошкоски. Двајцата се во притвор во Грција. Потоа поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и уште седум други лица од Управата.

Се вчитува...

Во Кривичниот суд рочиште треба да се одржи и за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е Елизабета Канческа – Милевска, поранешна министерка за култура. Овој предмет се води за проектот „Скопје 2014“, и случајот се наоѓа во доказна постапка.

Извор: ТВ21