Од Ниш до Солун ќе се стигнува за три часа. Со ова „мото“ денеска се отвора автопатот од Коридорот 10 кој минува низ Грделичката клисура. На свечениот чин на отворање ќе присуствува и премиерот Зоран Заев на покана на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Со новиот автопат, српските граѓани полесно ќе патуваат кон Северна Македонија, како и кон Грција која што е хит дестинација за србите за летните одмори.
Воедно, тоа беше последниот дел без автопат од Северна Македонија кон средно-европските и западните земји.
The post Денеска се отвора автопатот кој ја поврзува Србија со Северна Македонија appeared first on ТВ21.