Денеска Скопје и Струмица дишат: Престануваат мерките за загадување на воздухот, РМ10 честичките под прагот на алармирање!

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека е прекината епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честичките во Скопје и Струмица.

Како што информираат од Министерството, согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем, на 22 декември 2025 година среднодневните концентрации на РМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар воздух.

Со стабилизирањето на состојбата и намалувањето на концентрациите, престануваат да важат и мерките и препораките што беа воведени поради надминувањето на прагот на алармирање во двата града.