Пцовисани животни, смет, делови од стари автомобили е само дел од она што може да се забележи во стариот објект на основното училиште „Живко Брајковски“ во Општина Бутел.
Во ова училиште следат настава околу 800 деца. Родителите се загрижани затоа што оваа депонија може да биде извор на епидемија. Бараат од општината да превземе веднаш мерки.
Директорката на училиштето не извести дека не е овластена да дава изјави. Рече да се обратиме во општината. Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски вели дека оваа недела ќе се исчисти отпадат. Тој апелираше до граѓаните кои живеат во околината на училиштето да не фрлаат отпад.
„Три пати го чистиме темелно, но несовесните граѓани кои што живеат во околината редовно фрлаат ѓубре и шут. И често пати се случува овој проблем. Чекаме за брзо време документите да ни бидат префрлени и ќе може да го срушиме овој објект за да може понатаму да изградиме културен центар за млади“, вели Смилевски
Од друга страна во основното училиште Панајот Гиновски во Бутел денес и утре се врши дезинфекција на училиштето откако кај еден ученик беше откриена бактеријата МРСА. Додека внатре во училиштето се прави дезинфекција, во училишниот двор има купишта од ѓубре. Има и отпад кој се пали.
РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА