Депонијата Дрисла сè уште гори, чадот видлив над Скопје

И попладнево над депонијата Дрисла се издига густ чад којшто се гледа од повеќе делови на Скопје. Граѓаните алармираат дека се гушат во загадениот воздух, кој дополнително се влошува од пожарите во Дрисла и Вардариште.

Мерните станици покажуваат зголемени концентрации на ПМ10 честички, а според Дирекцијата за заштита и спасување, пожарот во Дрисла се гаси со метод на затрупување, откако гасењето со вода не дало резултати.

Директорот Стојанче Ангелов најави дека има сомневања за намерно подметнување на огнот. Во меѓувреме, Управувачкиот комитет ѝ предложи на Владата забрана за движење во депонијата Вардариште, за да се спречат нови палења.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.