Македонија

Десет дечиња на респиратор во „Козле“, расте бројот на респираторни инфекции

Десет дечиња на респиратор во „Козле“, расте бројот на респираторни инфекции

Редици автомобили со родители и деца пред детската болница „Козле“. Најмладата популација е најранлива и во моментов капацитетите се исполнети до последно место. Секое дете кое е хоспитализирано е тестирано на Ковид-19 за да бидат сместени во соодветна просторија. Во моментов има 2 деца кои се Ковид позитивни, додека на кислородна поддршка се десет деца. Загадениот воздух само ги потенцира респираторните симптоми, но преовладува клиничката слика на грип, велат докторите, објави Телма.

Расте бројот и на респираторни инфекции кај возрасните и се случува да има по сто прегледи во една смена, велат матичните лекари.

Над илјада нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа се регистрирани во Србија. Седум лица починале како последица на инфекција со коронавирус.

Светската здравствена организација предупреди дека новиот сој на Омикрон XBB.1.5. наречен „Кракен“, кој веќе ја зафаќа Америка е најзаразната подваријанта на Ковид до сега. Во меѓувреме и Европската унија донесе препорака до сите земји членки да ги тестираат патниците кои доаѓаат од Кина, но не успеа да договори задолжително тестирање на коронавирус.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни