Десет противпожарни возила интервенираат во гаснењето на пожарот што попладнево избувна на депонијата „Дрисла“. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, изјави дека е побарана помош и од ЈП „Комунална хигиена“, од каде што се испратени две цистерни за дотур на вода. Тие се на локацијата и ги дополнуваат противпожарните возила.
„Се надевам дека во најскоро време пожарот ќе биде целосно изгаснат“, изјави Томевски.
Бил побаран и авион од Дирекцијата за заштита и спасување, но немало услови за негово ангажирање.
„Станува збор за посериозен пожар од поголеми размери. Постоеше опасност пламенот да ја зафати боровата шума во близина на депонијата и да предизвика дополнителен шумски пожар којшто можеше да загрози и објекти во околината“, додаде Томевски.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Пожар во Илинден – огнот се приближува до куќите
- 2.Кривична пријава против самостоен инспектор од СВР Битола – оддавал службени тајни
- 3.Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна
- 4.Руски дрон погоди станбена зграда во Полска, објавија локалните медиуми
- 5.Дневен хороскоп за среда, 10-ти септември 2025 година!