Десетици илјади луѓе се поклонија пред смртните останки на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, изложени на богослужба во базиликата Свети Петар во Ватикан, пренесоа светските агенции.
Според податоците на ватиканската полиција, само во првите пет часа од аџилакот на папата му оддале почит околу 40.000 луѓе. Први кои се поклонија пред смртните останки на Бенедикт Шеснаесетти беа италијанскиот претседател Серџо Матарела и италијанскиот премиер Џорџо Мелони.
Аџилакот ќе трае три дена. На 5 јануари ќе биде погребот на Бенедикт Шеснаесетти. На церемонијата која ќе се одржи пред самата базилика се очекува да присуствуваат илјадници луѓе.
Според желбата на поранешниот папа, тој ќе биде погребан на истото место во криптата на базиликата Свети Петар каде во 2005 година беше погребан папата Јован Павле Втори. Потоа, во 2011 година, посмртните останки на Јован Павле Втори беа преместени во капела во близина на скулптурата Пиета на Микеланџело.