По Фејсбук статусот на Груевски, нов став побаравме и од Министерката за правда, Рената Дескоска. Таа за ТВ21 вели дека во текот на дебатата не искажала ништо ново што претходно не можело да се прочита во печатените и електронските медиуми.
„Вратата на мојот кабинет е отворена за г. Груевски, за да поразговараме за прашањата на кои реагира. Го поканувам да дојде…“, вели Рената Дескоска за ТВ21.
Вечерва екс-премиерот, сега азилант Никола Груевски на Фејсбук побара од Дескоска да ги открие фирмите и веднаш доколку има такви да започне конфискација.
По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда…
Gepostet von Nikola Gruevski am Samstag, 14. Dezember 2019
Ставовите дека фамилијата на Груевски преземала фирми, министерката ги искажа во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.