Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) да се пресели во бараките на Бирото за развој на образованието (БРО), предложи денеска директроот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски, со што ќе се најде конкретно решение за проблемот, зашто како што рече тој, студентите мора да имаат приоритет над администрацијата.
„Предлагаме БРО да се пресели во нашите сегашни простории, со цел ФИНКИ да ги користи бараките во кои сега е сместено Бирото“, вели директорот на ТИРЗ.
Дирекцијата на ТИРЗ, пак има нови канцеларии кои се уште официјално не се во функција, но денеска во нив се одржа настан, серија панели од проектот на „Иднината почнува дома“.
„Пред протестот пред Владата, на настанот беше присутен и деканот на ФИНКИ Боро Јакимовски. Со овој денешен настан им изразуваме поддршка во тој протест за да се обезбедат нивните услови. Дирекцијата на ТИРЗ го понуди постојниот простор во строгиот центар на градот за сите државни институции, пред се за Бирото за развој во образованието, да ги користат без ограничување. За возврат, Бирото треба да излезе во пресрет на барањата на ФИНКИ и да ги отстапи бараките што ги користи за потребите на студентите. Сите млади мора да сфатат дека оваа држава може да им даде поддршка на тука да се чувствуваат дома, а не дома на некое друго место“, рече Деспотовски.