Лекарите се борат за животот на мажот кој вечерва облечен во костум на Дедо Мраз падна од третиот кат на традиционалниот новогодишен панаѓур во Крњача!
Според Телеграф, мажот паднал од височина од 13 метри додека се спуштал по јажето од покривот на зградата. Наводно, брадата му се заглавила за време на настапот и кога се обидел да се ослободи, ненамерно го пресекол безбедносното јаже и паднал на земја пред толпата преплашени деца и родители.
Аниматорот, кој има 30 години, со тешки телесни повреди со возило на брза помош е префрлен во ургентниот центар.
