Седум новозаболени од морбили се регистрирани вчера, а 24-годишна пациентка од Куманово кој е мајка на заболено дете кое не било вакцинирано е хоспитализирана во Клиниката за инфективни болести.
На Клиниката има 31 пациент од кои 15 се возрасни и 16 деца. Во животозагрозувачка состојба е еден пациент на одделот за интензивна нега кој е на механичка вентилација на Клиниката. Со сериозна пневмонија е и едно седуммесечно бебе.
Амбулантски се прегледани уште шест пациенти кои се пуштени на домашно лекување од кои едно е седумгодишно дете од училиштето „Тефејуз” во Чаир, за кое нема евиденција за вакцинален статус.
Останатите се возрасни меѓу кои најмладиот е на возраст од 22 години, а најстариот е на возраст од 44 години, кои се од Скопје освен еден пациент кој е упатен од Гостивар, информираат од Клиниката.