Македонија

Дете почина откако во тешка состојба било донесено во тетовската болница

Дете почина откако во тешка состојба било донесено во тетовската болница

Тетовската полиција информира дека вчера било пријавено дека околу 3 часот и 30 минути во тетовската Клиничка болница бил донесен малолетник од Тетово во тешка здравствена состојба, без траги на насилство.

По укажаната лекарска помош, околу 7 часот малолетникот починал.

Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид.

По наредба на Јавниот обвинител телото било предадено на семејството.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни