Дете проголтало 130 магнети и литиумска батерија: Не поминало без последици!

Дете на возраст од една и пол година од Московската област проголтало 130 магнети и литиумска батерија, но лекарите успеале да го спасат, јави Радио 1.

Детето било примено во Детскиот клинички центар, бидејќи родителите се сомневале дека можеби голтнало „туѓи предмети“.

Успешна операција

При преглед на желудникот и цревата биле откриени магнети и батерија, а имало и оштетување на слузокожата и настанување на чир.

Со помош на специјален ендоскопски апарат, лекарите направиле гастроскопија и ги отстраниле сите предмети.

Операцијата била успешна, а сега детето е на амбулантно лекување.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното