Детето повредено во несреќата кај Рашче ќе биде пуштено на домашно лекување

Детето кое беше повредено во сообраќајната несреќа која се случи синоќа кај Рашче, според последните информации од директорот на Детска хирургија во Скопје, Лазо Јовчески, очекува да биде пуштено на домашно лекување во најскоро време. Во изјавата за МИА, Јовчески нагласи дека состојбата на детето се подобрува и нема сериозни повреди кои ќе бараат продолжено болничко лекување.

-Детето е во стабилна општа состојба, не е витално загрозено. Од денеска се наоѓа на оддел, значи не е повеќе на интензивна нега. Очекувам наскоро да биде пуштено на домашно лекување. Вчера имаше интензивен мониторинг, денеска контролни по протокол, биохемиски параметри за споредба, стабилно е, мислам дека сѐ ќе се разреши поволно за детето, кое има пет години, нагласи за МИА, директорот на Детска хирургија.

Јавното обвинителство утрово соопшти дека заедно со автомобилот, од водите на Вардар синоќа биле извадени три починати женски лица, за кои била издадена наредба за обдукција. По уште едно лице се трага, додека во автомобилот патувало и дете, пронајдено повредено надвор од возилото, па пренесено на Клиничкиот центар.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното