Свет

Деца и жени меѓу загинатите и ранетите во терористичкиот напад во Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардарн потврди дека меѓу загинатите во вчерашниот терористички напад на двете џамии, има и деца и жени.

– Ранетите се од мали деца до возрасни луѓе. Меѓу нив има мажи, жени и деца како меѓу загинатите, така и меѓу ранетите – рече Ардарн.

Таа пофали неколку полицајци кои што спречиле продолжување на нападот. Напаѓачот ќе биде во притвор до април, кога против него ќе почне судски процес Врховниот суд во Крајстчрч.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни