5-годишно девојче загина, а нејзиниот 7-годишен брат е тешко повреден откако врз нив паднал песок додека копале длабока дупка на плажа во Лодердејл, Флорида.
Инцидентот се случил во вторникот, а девојката починала откако била целосно затрупана од песок додека таа и нејзиниот брат копале дупка на плажата. Спасувачите го пронашле момчето закопано до градите.
Официјалните лица проценуваат дека дупката била длабока околу 1,8 метри. Спасувачите користеле реквизити и лопати за да ги извлечат децата и да спречат дополнително да се урне песокот, пренесува Sky News.
Засега не се знае колку долго биле затрупани децата.