Деца убиле 14-годишно момче кога се враќало од тренинг: Хорор во Париз

Полицијата во Франција уапсила двајца тинејџери осомничени дека убија момче (14) во петокот во Париз, кога се враќало од тренинг.

Според медиумите, осомничените момчиња денеска ќе бидат изведени во обвинителството, а станува збор за малолетниците веќе и се познати на органите на прогонот.

Убиеното момче се викало Елијас. Околу 20,00 часот кога излегувал од тренинг во 14-тиот арондисман, го нападнале и му го побарале мобилниот телефон. Кога тој одбил да им го предаде телефонот на ситните разбојници, тие го избоделе. И покрај напорите на лекарите, момчето им подлегна на повредите во саботата во болница.

Полицијата набрзо по инцидентот успеала да ги уапси убијците, момчињата се на 16 и 17 години и живеат во 14-тиот арондисман. По приведувањето им е одредена мерка притвор.

Како што соопштија од обвинителството, осомничените малолетници родени во мај 2007 и август 2008 година се стари познаници на судството. Еднаш, во декември 2023 година, беа изречени мерки за кражба и изнуда. Тие беа во суд и на 30 октомври минатата година за насилен грабеж, а судењето за тој случај беше закажано за јуни годинава.

Оттогаш на двајцата малолетници им е изречена забрана за меѓусебно контактирање. Сепак, тие биле заедно кога го нападнале и го избоделе младиот Елиас.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното