Децата и младите побараа од носителите на одлуки да преосмислат подобра иднина за секое дете

Денес, на Светскиот ден на детето, под покровителствo на претседателот Стево Пендаровски, УНИЦЕФ организира средба на која носителите на одлуки им се придружија на децата и младите за да го слушнат нивниот Повик за акција и да разговараат за следните чекори што треба да се преземат за да се преосмисли подобра иднина за секое дете.

Секоја година на 20 ноември – по повод усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации – го одбележуваме Светскиот ден на детето, ден исполнет со активности реализирани од децата и за децата.

Оваа година тројца млади говорници го заземаа централното месо на настанот Преосмисли иднина за секое дете и за секој млад човек и го претставија својот Повик за акција што се фокусира на три теми кои децата и младите од земјата ги издвоија како најважни за нив: квалитетно образование, животна средина и квалитетен живот.

“Дозволете да ги повикам сите клучни институции да работат на проблематиките за деца и за млади, и заеднички да работиме на посреќна иднина. Гласот на младите мора да биде чуен и вграден во донесувањето на одлуки. Преосмислувањето на иднината мора да започне од сегашноста бидејќи без осмислување на сегашноста не можеме да ја преосмислиме ниту иднината,“ рече претседателот Стево Пендаровски.

“Темите што младите ги отворија денес – квалитетно образование, одржлива животна средина и квалитет на животот – претставуваат темел за одржлив развој,“ рече Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ. “За да одговориме на повикот на младите ќе биде потребен енергетски влог и посветеност на целото општество.”

Во текот на средбата, носителите на одлуки, меѓу кои имаше пратеници од Собранието, градоначалници, претставници на меѓународните организации и експерти, имаа можност да слушнат повеќе од децата и младите и да се вклучат во подиректен разговор во мали групни дискусии кои беа водени од самите деца и млади. Тие исто така разговараа за конкретни акции како одговор на предизвиците во секоја од трите теми.

“Еден од главните проблеми кои ние младите ги препознаваме во образованието е недостатокот од пракса и премногу теоретско учење. Без можност за практична примена, нашето знаење е само краткотрајна информација. Ни требаат вештини кои се релевантни не само за пазарот на труд денес, туку и за пазарот на труд кој постојано се развива. Формалното образование става акцент исклучително на нашиот академски успех, пришто не ни дава доволно можности за практично искуство, иновации и управување со кариерата. Конкретно, за да застанам тука мене не ме подготви формалното образование, ме подготвија активности вон училиште.,”рече Станиша Станковиќ , студент од Куманово.

Говорејќи за заштита на животната средина, климатските промени и поодржливо урбано планирање, Ива Трпески, четиринаесет годишна ученичка од основно училиште од Кичево рече: “Премногу од нашите зелени површини и простори за рекреација се уништени и заменети со градилишта. Овој проблем го посочуваат не само моите сограѓани, туку младите од целата држава. Урбаниот хаос, бучавата како и преголемиот сообраќај секојдневно влијаат врз нас. Ни требаат позелени заедници за поздрав и посреќен живот, за подобро физичко и ментално здравје и подобар квалитет на живот.“

Четиринаесет годишната ученичка од основно училиште од Скопје Ерза Рустеми го потегна прашањето за квалитетен живот без насилство и побара општество кое ќе ги почитува, вреднува и ќе се однесува фер кон сите деца. Таа побара носителите на одлуки да обезбедат секое дете и секој млад човек да учествува во сите активности, да има пристап до сите услуги и да биде вклучен во целост во сите облици на живеење во заедницата.

Настанот беше дел од целогодишната иницијатива на младински консултации “Преосмисли ја иднината“ во која младите од целата земја ги споделија своите гледишта и идеи за решавање на најголемите предизвици што ги засегаат нивните животи и нивната иднина.

Поврзани вести

Откако ја изгубил работата како пилот, започнал сопствен бизнис за преработка на мебел

Дино Хушидиќ, Босанец со шведска адреса, чија приказна е интересна од повеќе причини. Имено, Дино со години работел како искусен пилот за скандинавските авиокомпании, но бил отпуштен по пандемијата...

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни почивалишта. Поворката тргна од Скопскиот аеродром каде...

Зошто облеката не треба да се суши на радијатор?

Секој од разни причини понекогаш се наоѓал во ситуација да има потреба да има повеќе алишта отколку што собира машината за сушење, па се користеле радијатори во зимските месеци.

ФОТО: Вјоса Османи и Линдита Никола меѓу присутните на скопскиот аеродром

На церемонијата за преземање на останките на жртвите од несреќата во Бугарија, на Меѓународниот аеродром во Скопје присуствуваат и високи функционери од Косово и Албанија. Се работи за претседателката...

Најважното

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...

ВИДЕО: „Изгубив 5 членови од семејството – ќе ја бараме правдата“

Дамир Османов од Сингелиќ , кој во страшната несреќа на автопатот „Струма“ изгуби 5 лица од семејството, денеска на аеродромот во Скопје...