Во Јапонија, во текот на 2024 година, се самоубиле 527 деца, кои посетувале основно, помладо или средно училиште, што е за 14 повеќе од 2023 година и што е повеќе од претходниот рекорд од 514 самоубиства на деца во 2022 година, прелиминарните податоци на Владата на Јапонија објавени денеска го покажаа ова.
Според податоците на јапонското Министерство за здравство, врз основа на полициската статистика, минатата година средношколци извршиле 349 самоубиства, што е за две повеќе од претходната година, а се самоубиле и 163 помлади средношколци, што е десет повеќе од претходната година како и 15 основци, пренесе агенцијата Kyodo. Се самоубиле 239 момчиња и 288 девојчиња.
578 деца се самоубиле поради проблеми на училиште, додека 42 самоубиства биле поврзани со проблеми поврзани со социјалните мрежи или онлајн интеракции. Официјален претставник на Министерството за здравство, труд и социјална заштита оцени дека состојбата со самоубиствата на децата е „сериозна“ и дека е потребна дополнителна анализа за подобро да се согледаат факторите кои придонесуваат за тоа.
Вкупниот број на луѓе кои си го одзеле животот во Јапонија минатата година падна на 20.268, што е за 1.569 помалку од 2023 година и е втора најниска бројка од почетокот на евиденцијата во 1978 година.
Здравствените проблеми биле најчести причини за самоубиство, со 11.986 случаи, потоа проблеми поврзани со економски и животни прашања во 5.075 случаи и семејни проблеми во 4.334 случаи.
Бројот на самоубиства на 100.000 луѓе во Јапонија лани бил 16,3 отсто, што е за 1,3 помалку од претходната година.