Девет лица се повредени во напад со киселина во Германија

Девет лица се повредени кога маж ги испрскал со киселина во кафуле во Бохум, на истокот на Германија.

Инцидентот се случил вчера во 15:25 часот, кога маж влегол во градината на кафулето и со киселина испрскал маж кој седел на маса, како и жена која седела со него и келнерка.

Напаѓачот заминал, но многу брзо бил уапсен недалеку од кафулето, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Во акцијата биле повредени и четворица полицајци и двајца пожарникари кои дошле во контакт со киселината.

Засега не се знае кој бил мотивот на нападот, а човекот кој бил прв нападнат има, според информациите, многу тешки повреди, пренесува „Телеграф“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното