Македонија

Девет медали на Специјалната олимпијада, победниците не беа поддржани од властите

Отидоа со мали очекувања, а се вратија со 9 медали. Членовите на Специјалната Олимпијада на Северна Македонија не направија горди со постигнатите резултати во атлетика, пливање, кошарка и танцување.

Ардијан Шабани, на патеката од 25 метри се закити со сребрен меда, а на 50 метри доби бронза. Атлетичарката Сара Дураку во трчање на 100 метра освои бронзен медал.

Филип е одличен пливач. На годинешната олимпијада го освои трето место, но вети дека идната година ќе се врати со златен медал.

Летните Олимписки игри, се одржаа во Абу Даби, учествуваа 190 држави, две илјади тренери и две илјади волонтери. За поголемиот дел на тренерите кои ги подготвуваа децата за олимпијадата, ова им беше прво искуство на ваков настан. Тие немаа никаква финансиска поддршка за подготвовката на децата. Денеска ги споделија нивните емоции.

Кога се вратија од Абу Даби, учесниците беа пречекани од Директорот на Агенцијата за млади и спорт. Од Агенцијата беа покриени една третина од патните трошоци. Овие деца не се приматели на стипендија за дадениот придонес.

Од ова олимпијада и други деца се вратија со награди. Спортистите од Специјална олимпијада успешни беа и во групните спортови каде кошаркарите освоија бронзен медал. Второто место во латино танци го освои Јулијана Петровска.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни