Основното јавно обвинителство Тетово издаде усна, а потоа и писмена наредба за обдукција на седумгодишното девојче од селото Челопек, кое почина по третман во Клиничката болница во Тетово. Целта на обдукцијата е да се утврдат точните причини за смртта.
Детето било примено на педијатриското одделение на 20 септември во 20:40 часот. Директорот на болницата, Ерзен Елези, објасни дека состојбата на девојчето била стабилна до следниот ден, но поради потешкотии при голтањето и преглед од дежурниот ОРЛ-лекар, пациентката била префрлена во реанимација каде починала.
Елези истакна дека ова е втор случај на пациенти кои доаѓаат во болница по претходна нелегална терапија од матичен лекар без медицински извештај. Тој апелираше до Инспекторатот за труд, Министерството за здравство и Фондот за здравство да преземат мерки против нелегално давање терапија.
Погребот на девојчето се одржа денес во селото Челопек, но семејството не дозволи обдукција, иако обвинителството ја наложи истата за целосно расветлување на случајот. Засега останува неизвесно дали наредбата ќе се почитува или случајот ќе се затвори само со дисциплинска комисија од страна на болницата и Министерството за здравство.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Цистерна со нафта излетала и се запалила на патот Гевгелија-Богданци
- 2.Сите аплаудираа, освен министерот Муртезани по говорот на претседателката Давкова во ОН
- 3.Македонец по грешка ослободен од затвор во Австрија, имал исто име и презиме со друг затвореник
- 4.Македонец уапсен при продажба на дрога во Виена – во станот пронајдени уште три килограми кокаин!
- 5.Трагедија во Кисела Вода: 38-годишен скопјанец починал во својот дом!