Девојчињата во Франција кои дошле со абаја во школо се вратени дома

Францускиот министер за образование изјави дека речиси 300 ученици пристигнале на училиште во понеделникот облечени во абаја, долгата муслиманска наметка која минатата недела беше забранета да се носи во училиштата. Повеќето од девојките се согласиле да се пресоблечат во друга облека.

Според официјалните податоци, 298 девојчиња на возраст од 15 или повеќе години, се појавиле на училиште во забранетата облека. Повеќето од нив се согласиле да ја симнат абајата, но 67 девојчиња одбиле и биле испратени дома.

Сега ќе следи дополнителен период на дијалог со нивните семејства. Ако тоа не успее, тие ќе бидат исклучени од школото.

Владата на Франција верува дека бројките покажуваат дека забрана е широко прифатена. Сепак, определени група најавува дека судски ќе ја обжали одлуката.

На крајот на август, министерот за образование објави дека на учениците ќе им биде забрането да носат широки наметки што ги носат некои муслиманки во државните училишта во Франција на почетокот на новата учебна година на 4 септември.

Франција има строга забрана за верски знаци во државните училишта и владините згради, тврдејќи дека тие ги прекршуваат секуларните закони.

Носењето шамија е забрането од 2004 година во државните училишта.

Потегот доаѓа по повеќемесечна дебата за носењето абаи во француските училишта.

Облеката се повеќе се носи во училиштата, што доведува до политички јаз околу нив, при што десничарските партии се залагаат за забрана, додека оние од левицата изразија загриженост за правата на муслиманските жени и девојки.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното