Девојка од Охрид нападната на работно место: Полицијата трага по напаѓач кој подолго време ја вознемирувал

Дваесет и петгодишна девојка од Охрид вчера во полиција пријавила дека била физички нападната на своето работно место, а нападот, според нејзината пријава, е кулминација на подолг период на вознемирување од страна на напаѓачот. Полицијата интензивно трага по осомничениот А.Д. од Охрид.

Според пријавата поднесена во СВР Охрид, физичкиот напад се случил на 29 септември, околу 22 часот, додека девојката била на работа. Нападот следувал по подолг временски период во кој, како што е пријавено, осомничениот постојано ја вознемирувал жртвата.

Од полицијата информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за пронаоѓање на напаѓачот. По неговото пронаоѓање, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, согласно член 131 од Кривичниот законик.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.