Македонија

Дежурната екипа на Клиниката за неврохирургија е подготвена за работа – Филипче: Посакувам, ние здравствените работници, вечерва да имаме што помалку работа

Дежурната екипа на Клиниката за неврохирургија е подготвена за работа – Филипче: Посакувам, ние здравствените работници, вечерва да имаме што помалку работа

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче денеска на својот Фејсбук профил порача дека дежурната екипа на Клиниката за неврохирургија е подготвена за работа за новогодишната ноќ.

Сепак тој посакува тие вечерва да имаат што помалку работа.

„Посакувам, ние здравствените работници, вечерва да имаме што помалку работа. Бидете весели, насмеани и среќни, но славете мирно и безбедно Во новата 2023 година да влеземе со многу оптимизам, свесни дека со заеднички труд и посветеност ќе може да ги реализираме сите важни прашања за нашата земја. Среќна Нова Година!“, напиша Филипче.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни