Македонија

Џафери и Дедо Мраз делеа пакетчиња во Собрание

Џафери и Дедо Мраз делеа пакетчиња во Собрание

Денес претседателот Џафери и Собранието на Република Северна Македонија беа домаќини на најдрагите гости, на децата на пратениците и на собраниските вработени. Го придружуваа и потпретседателот Горан Мисовски и генералната секретарка Цветанка Иванова а Дедо Мраз, како што е впрочем редот, со неговата појава и автентична смеа,  а најмногу со новогодишните пакетчиња, го заслади настанот уште повеќе.

Со овој денешен настан се продолжува веќе воспоставената практика на дружење на пратениците, вработените и најмладите во Кристалната сала и посета на дечињата во работните простории на нивните родители. Ова е убава прилика за создавање на нови пријателства, запознавање со работата на законодавниот дом и креирање на една поинаква димензија помеѓу вработените.

Претседателот Џафери ги поздрави присутните и им посака добро здравје, многу среќа и успех во Новата 2023 година. Навистина беше прекрасно искуство слушањето на веселиот џагор и смеа на драгите мали гости. Се гледаме до година пак!

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни