Џафери: Ние не зборуваме јазик на 20%, ние го зборуваме најстариот јазик во Европа, албанскиот јазик

Со логото на ДУИ и патриотски песни, денеска и Огнената група ја прослави 21 годишнината од основањето на партијата.

Тие пред Домот на култура во Тетово упатија критики до актуелната власт, а посочија и дека нивниот јазик е најстариот јазик во Европа.

„Ние не зборуваме јазик на 20%, ние го зборуваме најстариот јазик во Европа, албанскиот јазик, и како можеме да реагираме кога ни велат од партијата дека не е време албанскиот јазик да стои и гордо да се именува како албански јазик. Денеска кога славиме 21 година од основањето на ДУИ сакаме да ја информираме јавноста дека партиските органи не функционираат врз основа на статутот. Партиските избори кои се организираа пред една година заедно со координаторите се нелегитимни и нестатутарни“, вели Муса Џафери.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното