Македонија

Џафери: Среќна Нова 1949!

Џафери: Среќна Нова 1949!

Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, денеска од собраниската говорница иронично ја „честиташе новата 1949 година“ и побара од дневниот ред да се повлече резолуцијата на власта за осуда на наводните манипулации на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, како и точката за продолжување на кризна состојба поради мигрантската криза.

Џафери оцени дека со резолуцијата се врши цензура врз опозицијата и постави прашање зошто веќе 14 години се продолжува кризна состојба, ако е потпишан договорот со Фронтекс и се тврди дека нема да има мигрантски кампови.

На резолуцијата реагираа и Здружението на новинарите на Македонија и Синдикатот на новинарите, кои предупредија дека нејзините формулации можат да доведат до ограничување на слободата на медиумите и јавниот говор. Тие оценија дека поврзувањето на „дезинформации“ со кривични одредби остава простор за злоупотреби и обесхрабрување на новинарите, потсетувајќи дека за евентуални прекршувања веќе постојат механизми за саморегулација.

ЗНМ и ССНМ апелираат институциите внимателно да ги формулираат ваквите акти за да не се создаде впечаток на притисок или цензура врз медиумите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни