Џафери: Здружението кое ме обвинува не е во мој опсег на размислување и може да каже што сака (ВИДЕО)

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска беше на распит во обвинителството за настаните од 27 април и упадот во Собранието.

„Како секој граѓанин на Република Македонија така и јас се одзвав на поканата да дадам исказ“, изјави Џафери.

Од битолското граѓанско здружение, Џафери беше обвинет дека е неуставно избран за претседател, по што тој одговори дека тоа здружение не е во опсегот на неговите размислувања, и дека истото може да кажува што сака.

 

Извор: ТВ21