Свет

Џејмс Матис најави оставка: Трамп нека најде секретар со поблиски ставови

Државниот секретар за одбрана на САД, Џејмс Матис, преку писмо ја извести американската јавност дека кон крајот на февруари ќе замине од функцијата.
Матис во своето писмо наведе дека се повлекува со цел Трамп да може да добие секретар за одбрана, чии ставови ќе му бидат поблиски.

Како една од причините за неговата оставка, американските медиуми го наведоа делумното повлекување на американските војници во Авганистан. Матис во септември беше во посета на Македонија за да даде непосредна поддршка, од каде порача дека го поздравува договорот од Преспа и дека ја очекува земјава во НАТО.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни