Џулија Робертс со моќни зборови: „Жени, вие не сте рехабилитациски центар за лошо воспитани мажи!“

Познатата актерка и оскаровка Џулија Робертс е една од омилените личности во Холивуд.

Својата кариера ја нема извалкано со ниту еден скандал, го нема уништено изгледот со естетски интервенции, а еднакво е успешна сега, како и пред две децении. Сето тоа и дава за право да сподели понекој совет за животот…

Таа неодамна го прослави 53-тиот роденден и може да се каже дека никогаш не изгледала подобро!

Во животот и кариерата таа чекори храбро, но претпазливо. Не ја следат скандали и трачеви, а успеа најмногу благодарение на својот неоспорен талент и харизма.

Тоа што го учела низ годините и што го смета за важна животна лекција, го сподели и со јавноста. Еве за што станува збор:

1. Жени, вие не сте рехабилитациски центар за лошо воспитани мажи. Не е ваша работа да ги воспитувате, поправате и менувате. Барајте партнер, а не проект.

2. Неверојатно е тоа што сè може да се случи само ако прегрнете некого. Тоа е најискреното и наједноставното нешто, што често прави чуда. Се надевам дека сите можеме да го направиме тоа еден за друг.

3. Смешно ми е кога луѓето ќе кажат „мислам дека не ѝ се допаѓам на Џулија.“ Душо, ако не те сакам, ќе знаеш.

4. Големи пријателства може да се создадат тогаш кога се гледате во најдоброто, но и најлошото издание.

5. Имам толку многу среќа што сум лудо среќна во животот. Не дека сега сум посреќна од претходно па го велам тоа, туку сум позадоволна. Во чекор сум со мојот живот.

6. Ако миеш шолја над мијалникот, миј ја шолјата! Не грижи се за ништо друго. Забораваме да ги цениме наједноставните мигови во денот, она возвишеното во сосема обичното, а од тоа се состои животот. Само од тоа.