Дигитализација на починатите – QR код на гроб води до веб страница

Фредерик Меза од Ел Салвадор решил на сосема нов начин да го чува споменот на својата тетка, која му била „како втора мајка“. 37-годишниот фоторепортер и хроничар дошол на идеја да ја дигитализира нејзината надгробна плоча.

На гробот постави плоча со втиснат QR код кој води до веб-страница со биографија, фотографии и анегдоти од земниот живот на покојникот.

  • Сакав тие приказни да останат напишани и достапни во годините што доаѓаат – вели Меза, додавајќи дека неговата тетка работела во книжарница и познавала многу луѓе кои ја сакале и кои и денес, пет години по нејзината смрт, го посетуваат нејзиниот гроб.

Тој ова го нуди и на останатите луѓе, а цената на кодот е 50 долари.