Државната изборна комисија го затвори Избирачкиот список за претседателските избори на 21 април. Право на глас имаат 1 808 131 гласач, од кои 1 726 696 во земјава и 77.579 во странство. Членовите на ДИК информираа дека успешно го затвориле и Избирачкиот список за трите општини во кои ќе се одржат предвремени локални избори. Во Охрид ќе гласаат 52.303 гласачи, во Ново Село 11.365, а во Дебар 18.625 граѓани.
Според ДИК кандидатите за Претседател не почнале предвремена кампања. Комисијата разгледа четири приговори од најголемите политички партии кои беа одбиени како неосновани.
Инаку, до 10-ти април сите заинтересирани можат да се пријават и да добијат акредитација за набљудување на изборниот процес. В недела напладне во ДИК кандидатите ќе го потпишат Кодексот за мирна и демократска кампања.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ