Државната изборна комисија ги објави неофицијалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори, што се одржаа вчера во земјава.
Имено, коалцијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и други 44 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) освои 15 мандати, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица два мандати и ДПА еден мандат.
Во изборната единица 1:
Коалиција „Можеме“ – 8 мандати
ВМРО-ДПМНЕ – 7 мандати
ДУИ – 2 мандати
Коалицијата АА-ААА – 2 мандати
Левица – 1 мандат
Во изборна единица 2:
Коалиција „Можеме“ – 7 мандати
ВМРО-ДПМНЕ – 7 мандати
ДУИ – 3 мандати
АА-ААА – 3 мандати
Изборна единица 3:
ВМРО-ДПМНЕ – 10 мандати
Коалиција „Можеме“ – 9 мандати
Левица – 1 мандат
Изборна единица 4:
Коалиција „Можеме“ – 10 мандати
ВМРО-ДПМНЕ – 10 мандати
Изборна единица 5:
Коалиција „Можеме“ – 8 мандати
ВМРО-ДПМНЕ – 8 мандати
ДУИ – 3 мандати
АА-ААА – 1 мандат
Изборна единица 6:
ДУИ – 7 мандати
АА-ААА – 6 мандати
Коалиција „Можеме“ – 4 мандати
ВМРО-ДПМНЕ – 2 мандати
ДПА – 1 мандат
Веќе 24 часа не работи веб страната на ДИК, за која претседателот Оливер Деркоски рече дека била нападната од хакери и немало штета, туку одлагање на пресметките на резултатите од изборите.
Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно објавување на првичните резултати. ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот.
Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Северна Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.
ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение да го поништи гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик.
Против решението со кое се поништува гласањето може да се поднесе жалба до Управниот суд на Република Северна Македонија во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Северна Македонија е должен по жалбата да постапи во рок од 72 часа по нејзиниот прием. Повторното гласање на избирачкото место каде што е поништено се одржува 14 дена од денот на првото гласање
.