Македонија

Димче Арсовски бара од Петре Шилегов да врати украдена ракија: Ако не ја испил

Димче Арсовски бара од Петре Шилегов да врати украдена ракија: Ако не ја испил

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски преку својот Фејсбук профил бара поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов да ја врати украдената ракија.

„Збориме по дома некој Петре, Перо пишувал статуси за мене, Монте Карло, спомнувал луѓе и се јавува и се убаци дедото на сопругата да се жали дека некој си Петре му ја украл ракијата од подрум. Вика лопов професионалец, капка не оставил. Да не знаете кој Петре ја украл, да ја врати ако не ја испил?  П.С. Ја знам еден Петре што изгуби како цреп на задњи избори, ама ваљда не му е дојдено ракија да краде, па да ‘шљака’ по социјални мрежи, пошто пола град го искраде?“, пишува Арсовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни