Македонија

Димитров и Катругалос денеска ќе се сретнат во Делфи

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, и неговиот колега Јоргос Катругалос, денеска ќе остварат средба во грчкиот град Делфи за време на економскиот форум, јавува МИА.

Фокусот на средбата меѓу двајцата дипломати ќе биде ставен на имплементацијата на Договорот од Преспа и техничките и практичните проблеми на неговото спроведување, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

На првиот ден на форумот, Димитров говореше за иднината и за она што е направено. Тој истакна дека еден ден сите ќе бидеме горди на она што сме го постигнале денеска и дека нема ништо подобро двете земји да бидат пријатели.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни