Албанија секогаш ја поддржуваше Република Северна Македонија на патот кон НАТО. На патот кон Алијансата и големиот историски успех, важна улога имале Албанците, вели министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај.
„Нашето Собрание беше една од првите која го усвои протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Секако дека дел од ова успешна историја се и самите Албанци од Северна Македонија, кои од Рамковниот договор па се до Преспанскиот договор дале важен придонес како државотворен народ“, изјави Гент Цакај, министер за надворешни работи на Албанија.
Од друга страна, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, двете држави имаат иста европска визија. На средбата меѓудругото се разговарало, како оваа година да биде година на успехот.
За брзото ратификување на пристапниот протокол во НАТО, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, изрази благодарност кон албанскиот министер.
„Успехот на Република Северна Македонија беше резултат на храброста и визијата на овдешната политичка елита, исто така и сензибилноста и зрелоста на граѓаните кои нè поддржаа во овој правец, но да не забораваме дека голем придонес имаа меѓународната заедница и соседните земји, вклучувајќи ја тука и Албанија која даде голем придонес во процесот на надминување на политичката криза низ која помина Северна Македонија“, изјави Бујар Османи, Вицепремиер за европски прашања.
Инаку, министерот Цакај, е во дводневна официјална посета на Скопје. Освен со целиот државен врв, тој имаше средби и со сите лидери на албанските политички партии.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ