Македонија

Димитров од Атина: Само преку создавање пријателства ќе ги решиме проблемите во нашиот регион

На покана на поранешниот  министер за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас, денес, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше на меѓународната академска конференција по повод одбележување на дваесет годишнина од основањето на одделот за меѓународни и европски студии на Универзитетот во Пиреас. На конференцијата насловена „Грчката надворешна политика во 21 век“, МНР Димитров имаше свое обраќање на панелот тематски посветен на „Трансформацијата во Југоисточниот Медитеран“.

Министерот во своето обраќање говореше за Регионот: „Имаме легитимен удел во нашата регионална стабилност и сметаме дека за нашиот регион не постои друга алтернатива од европската иднина.”

„Не можеме да чекаме работите да се случат сами по себе во нашиот регион. Мора сами да ги создадеме. Единствен начин тоа да се направи е преку создавање пријателства, отворање врати, градење мостови на разбирање и унапредување на демократските процеси во нашите општества.”

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни