Димитров: Сите честитаат на процесот и не чекаат како 30 земја членка во Алијансата

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по средбите во НАТО Алијансата порача дека се враќа во Македонија многу охрабрен и има консезуална поддршка од разговорот  за западен Балкан има консезуална поддршка за Македонија.

„Планот е штом заврши процесот кај нас да се финализира пристапниот протокол, којшто заедно со Договорот од Преспа ќе оди на нотификација во Атина, во грчкиот парламент, потоа зависи од останатите Парламенти на 28-те, освен Грција, членки кога ќе се формализира и нашето членство. Сето ова ќе се заклучи некаде пролетта, 2020.

За нас ова е незавршена работа од 93та, кажавме дека сакаме да бидеме дел од НАТО, со првата декларација на Република Македонија, требаше да влеземе во 2008, поминаа 10 години, конечно го отстранивме проблемот, ја надминуваме разликата околу името со Грција, изјави министерот Димитров“

Додаде дека ова е важно за Македонија, меѓутоа ова е важно и за Алијансата, со тоа се проширува географијата каде има стабилност и повеќе предвидливост, членството во НАТО значи Македонија да остане во овие граници.

„Сите честитаат на процесот и не чекаат како 30 земја членка во Алијансата“, рече Димитров.

Извор: ТВ21